Вилшер се враќа по 14 месеци пауза

Навивачите на Арсенал имаат причина за задоволство откако Џек Вилшер и дефинитивно ги надмина сите проблеми со повредите и синоќа настапи за резервниот тим на „Топчиите“ на дуелот против Вест Бромвич Албион.

Иако во текот на целиот меч врнеше пороен дожд, Вилшер се појави во стартниот тим и одлично се снајде на теренот, јасно ставајќи до знаење дека ја оставил зад себе повредата на зглобот што цели 14 месеци го оддалечи од фудбалските терени.

„Одлично е чувството повторно да се игра фудбал. Долго го чекав овој момент и морам да кажам дека уживав во секоја минута мината на теренот. Ова беше голем чекор напред, следниот е да се изборам за место во првиот тим на Арсенал“ изјави Вилшер, кој ја пропушти целата ланска сезона поради повредата што ја заработи во јули 2011 година.

- Реклама -