Вилма ја повика Катица на сослушување

Катица Јанева конечно ќе се соочи со Вилма Рускоска. Алсат неофицијално дознава дека на адреса на Специјалното обвинителство, утрото до шефицата на СЈО стигнала поканата за сведочење за случајот „Рекет“. Курир од обвинителството за организиран криминал го донел пликото во СЈО. Поканата создала хаос.

Полицајците во СЈО почнале дури да ги претресуваат сите вработени кои влегуваат и излегуваат од Специјалното обвинителство вклучително и обвинителите, по директна наредба на Јанева. Паралелно, кај Рускоска за „Рекет“ сведочеше шефицата на нејзиниот кабинет. Иако требаше денеска, се одложи сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми. Причина е судењето „ТНТ“ каде тој е обвинител. Обвинетите за уривање на комплексот „Космос“, водени од можната инволвираност на Јанева во „Рекет“, побараа нејзино изземање.

„Ова морам да кажам, јас очекував ова таа прво лично да го направи од морални причини, но затоа што таа, тоа не го стори, денеска официјално со писмен поднесок тоа го сторив лично јас, имајќи ја во предвид целата ситуација и сите јавно објавени документи кои што деновиве можевме да ги видиме а се поврзани со аферата Рекет“, рече Тони Трајковски, обвинет во „ТНТ“.

- Реклама -