Секоја година во училиштето каде што учат децата на Бекамови се одржува спортски ден на кој учество имаат и родителите.
Дејвид Бекам секако дека победи во трката на татковците, но Викторија изгуби од друга славна мајка, Стела Мекартни.
Иако изгуби, Викторија се чини многу среќна, а нејзиниот сопруг од публиката ја снимаше целата трка. Заедно со него Викторија ја бодреше и нивната ќеркичка Харпер Севен.
Интересно е тоа што ретко имаме прилика да ја видиме Викторија во вакво опуштено и размрдано издание. Таа постојано е критикувана во јавноста дека никогаш не се смее и дека делува многу ладно.
Погледнете ја богатата галерија со фотографии од овој спортски ден на семејството Бекамови на кои изгледаат како обично, а не славно семејство