Викнал полиција за да се пожали на изгледот на проститутката

Англичанец, чив идентитет локалните власти на Вест Мидландс не го откриваат, можел да заврши 6 месеци во затвор затоа што го злоупотребил бројот за итни случаеви на многу редок и бизарен начин. За негова среќа, се извлекол само со опомена, зошто на полицајците им било премногу жал да го казнат, после сето тоа што го преживеал.

Англичанецот во вторникот околу 19:30 часот, викнал полиција поради изгледот на проститутката со која имал закажано. Тој бил уверен дека треба да бидат заштитени неговите потрошувачки права, со образложение дека тоа што го нарачал преку оглас, воопшто не тоа што му стигнало на врата.

-Таа жена воопшто не личи на описот во огласот. Она воопшто не е убава. Се пожалил преку телефон во полиција, без да му текне дека го прекршува законот.

Што е уште посмешно, откако операторот му рекол да го прекине разговорот и да ја ослободи линијата, тој се заканил дека ќе дојде лично во станица за да го продолжи разговорот.

[youtube]http://youtu.be/GbYN7aX85eE[/youtube]

- Реклама -