Зошто пешки или со велосипед, кога може со автомобил и жичара?
Очигледно вака размислуваат фенси Скопјани во последно време кога станува збор за Водно.
Топлите денови викендов беа идеални за прошетка и велосипедизам, но автомобилите и некултурата застанаа спроти ваквите активности.
Оние што излегоа да дишат чист воздух останаа шокирани од сликата на паркирани автомобили, гужви, застои и нервоза – налик Бит Пазар во 04.30 попладне.
За да ја пренесеме атмосферата користиме фотографии објавени на „Ѕидот на сообраќајниот срам“.