Виенска бирократија без усул

Виенските власти важат за страшно бирократски и се расфрлаат со купишта правила со кои има го отежнуваат животот особено на претпријатијата, особено угостителите. Заслужено, луѓето ги гледаат повеќе како машинерија за собирање пари во градскиот буџет, отколку за некакво регулаторно тело.

Во еден свеж пример, виенската бирократија уште еднаш покажа дека ѝ се допаѓа да ја носи таквата титула. Имено, виенскиот угостител Класи Пибер – кој раководи со ресторанот „Меркадо“ во центарот на градот, се соочува со казна од 40 евра, добиена заради мошне апсурдна причина – затоа што билките во бавчата на неговиот локал не растат вертикално кон небото, туку на страна.

Својата изненаденост Пибер ја изрази преку Фејсбук, истакнувајќи дека и после негови две децении претприемништво, бирократијата на градските бласти уште успева да го изненади и да предизвика општо чудење.

Прочитајте и:  Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
- Реклама -