Виена – културна геј дестинација број еден за 2013 година

Градските власти во Виена објавија лани  стратегија за развој на геј туризмот во градот, за уште поголема презентација на  музичкиот, културниот и историскиот европски центар. Резултатите се веќе присутни – Виена беше избрана за културна геј дестинација 2013 при годишната листа на читателите на сајтот “GayCities.com”.

80 000 корисници на онлајн туристичкиот водич гласаа за геј дестинација – 2013 во 14 различни категории.

 

Њујорк е избран за геј центар на ноќниот живот, а Амстердам се води како „Мека на геј свадби”.

 

Виена се фокусира на привлекување на туристи, кои имаат интереси во областа на културата, но и имаат пари за трошење. Успехот на градот се должи не само на богатиот културен живот, туку  и на толеранцијата на општеството кон малцинските групи, изјавуваат од општинската фирма „Виена туризам”.

 

Анализата на општината покажува дека просечниот месечен приход на туристите кои припаѓаат на геј заедницата, е повисок отколку на останатите гости на Виена. Маркетинг аналитичарот на градскиот совет за туризам Клеменс Каотлингер коментира дека оваа целна група е со „висок профил – луксузни клиенти, кои одат на опера и претпочитаат софистицирана храна”.

Официјалните објекти од туристичкиот водич на Виена се премногу интересни за  геј заедницата. Градот нуди прошетки во палатата „Белведере”, изградена од принцот Евгениј Савој – славен Хабсбуршки генерал, но и геј според општото мислење на историчарите.

Виенската опера, пак, е дизајниран од двајца архитекти – хомосексуалци, од кои еден се самоубил по искажаните критики кон зградата.  Во австриската престолнина се наоѓа и најголемата во Европа геј книжарница, која  нуди над 12 илјади наслови. Луѓето од геј заедницата уживаат како сите останати во  музиката и уметноста на империјалната Виена. И не на последно место меѓу причините за атрактивноста на градот меѓу геј заедниците е одржувањето на манифестацијата  „Бал на животот” – настан за прибирање средства за борба со СИДА.

За посетителите има жива музика, диџеи и други занимации. Овогодинешниот „Бал на животот” ќе се одржи на 31 мај.

- Реклама -