A вие за буркини се буните…

Можеби веќе сте чуле дека муслиманките со буркини на плажа не се единствените што се покриваат. Иако од поинакви причини, тоа го прават и жените од Кина, Тајван и другите источни земји.

Кај нив поентата е дека уште од древни времиња белата кожа била статусен симбол. Била резервирана за „буржоазијата“ и значело дека сте богати, дека баш и не излегувате надвор. Темната кожа, пак, значела дека добар дел од денот поминувате на поле и во аргатска работа, т.е. сте сиромашен селанин. Кај жените, се разбира, сето ова било многу поизразено.

Таквите сфаќања во некои провинции се „негуваат“ и ден денес. Во галеријава на фотографот Philipp Engelhorn, Кинескињиве се во „fullѕ covered“ mode. Некои личат на Пауер Ренџери, некои на кечери директно извадени од ринг.

 

- Реклама -