Вие против шимпанзото (видео)

chimpШимпанзата имаат неверојатна фотографска меморија, која е далеку посупериорна од човечката. Ова видео ќе ви личи на сцена од некој научно фантастичен филм, но ќе морате да ни верувате дека е автентично. Кликнете на сликата за да се тестирате против шимпанзото.

Шимпанзата имаат неверојатна фотографска меморија, која е далеку
посупериорна од човечката. Ова видео ќе ви личи како да е сцена од
некој научно фантастичен филм, но ќе морате да ни верувате дека е
автентично.

{youtube}soz1e6d4vyo{/youtube}
Видеото е снимено во
Primate Research Institute at Kyoto University, Japan


Како се објаснува ова?

Шимпанзата имаат неверојатна фотографска меморија, која е далеку посупериорна од човечката, сугерираат јапонските научници. Младите шимпанза покажале подобри резултати од студентите во тестовите по меморија што ги осмислиле и спровеле истражувачите од Универзитетот во Кјото. Со овој експеримент се урнати многу научни верувања дека луѓето се посупериорни од шимпанзата во сите области.

– Никој не можеше ниту да претпостави дека петгодишните шимпанза може да ги надминат луѓето во краткорочното памтење – истакнал Тетсуро Мацурава, истражувач на менталните способности на шимпанзата при универзитетот во Кјото. Јапонците извеле три теста. Во првиот било потребно испитаниците да ја запамтат положбата на едноцифрени броеви од еден до девет на екранот и по нивното исчезнување точно да го повторат распоредот на појавување.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Резултатите покажале дека шимпанзата, иако не биле поточни од луѓето, биле многу побрзи. Женка-шимпанзо Ајуму посебно се истакнувала од другите животни, па учествувала и на вториот тест, каде што пет броја за многу кратко време биле прикажани на екранот, по што на нивното место се појавиле бели квадрати.

Луѓето и животните се обидувале точно да го повторат нивниот распоред, а резултатите биле исти како и во претходниот тест – 80 отсто точни одговори и кај двата вида. Тестот што го „покорил“ човечкиот вид бил идентичен со претходниот, но овојпат бројките биле прикажувани само за две десеттинки од секундата. Успехот кај шимпанзата останал 80 отсто, додека луѓето оствариле точност од 40 отсто. Едно од објаснувањето на јапонските научници за оваа појава е дека во текот на еволуцијата луѓето ја „запоставиле“ способноста за памтење за капацитетот на мозокот да го искористат за учење јазик. via 

- Реклама -