(Видео) Зошто мачките секогаш паѓаат на нозе?

Научниците во 19-от век полудувале од прашањето: „Зошто мачката секогаш паѓа на нозе?“ Така било додека еден од нив не ја решил мистеријата со примена на фотоапарат.

Поточен термин е хронофотографија и Étienne-Jules Marey бил опседнат со неа! Неговиот апарат за фотографирање се нарекува хронофотографска пушка и со нејзина помош тој ги истражувал стадиумите на движењето на нештата, и тоа 12 фрејмови во секунда.

Étienne-Jules Marey ги направил неговите познати фотографии на коњи, птици, кучиња, овци, магариња, слонови, риби, микроскопски суштества, мекотели, инсекти, влекачи и… секако, мачки.

Тој тврдел дека коњот во галоп во одреден момент не го допира воопшто тлото и Eadweard Muybridge со истиот метод на хронофотографија на коњ во галоп одговорил на прашањето!

Вродената способност на мачките да го реориентираат телото додека паѓаат се нарекува „рефлекс на исправање“ кој е видлив кај мачињата уште на 3 недели и до нивната 7 недела оваа вештина е целосно развиена.

Вестибуларниот апарат во внатрешното уво на мачките делува како компас за баланс и ориентација, па тоа им овозможува да знаат во која насока е „горе“. Кога мачката која паѓа ќе одреди кој дел од телото треба да падне на земја, таа ја ротира главата за да види каде ќе падне.

Следен е рбетот на мачката. Мачките имаат единствена скелетна структура која нема клучна коска и необично флексибилен ‘рбет со 30 пршлени (луѓето имаат 24) Рбетот на мачките им овозможува да ја корегираат нивната положба за време на слободниот пад.

Како што грбот на мачката се превиткува така нозете доаѓаат под телото. Кога се приземјува мачката ги спојува нозете и тие ја носат тежината на ударот.

Способноста на мачките безбедно да паднат секако дека е импресивна, но одредени падови можат да бидат опасни, дури и смртоносни и за мачките.

Обично падовите од пониско се поопасни од падовите од повисоко. Колку подолго паѓа, толку повеќе време има мачката да го ротира телото.

- Реклама -