Оди пренос од новогодишна прослава на холандска телевизија. Пред камерата се типче и девојка што занесени зјапаат во смартфон. Одеднаш сфаќаат дека се во фокус на камерата и момакот тргнува да ја бакне девојката, по примерот на популарната „kiss cam“ на спортските настани во САД. Девојкава го погледнува момаков ко да го прашува „Што ти е?“ и му се трга со гримаса на благо „eww“ грозење. Типов останува со отворена уста како риба на суво.
Може ли корпава да биде надмината во 2019-та? Ако нас нé прашате, не може, во најмала рака затоа што се случи на дочек во живо на истата таа 2019-та. Видеото е веќе вирално, а по друштвените мрежи се развија и разни теории: можеби не му е девојка, ако му е девојка под итно да си бара друга, „дечко, бакнеж е, а не вечера… зошто толку ја отвараш устата“ и сл. На Твитер барем две феминистки од „MeToo“ движењето коментираат како ова е важна лекција што мажите ќе ја научат за „consent“, т.е. женската согласност. Тие останатите ви посакуваат новата 2019-та да ви тргне подобро отколку на типов:
https://twitter.com/ThatRexGuy/status/1079878972622733312