(ВИДЕО) Вечерва во 360° на МРТ 1: Ретко кој функционер ги пријавува приходите – како тогаш да им се следи имотот

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (28 ноември 2024 г.) од 18:30 часот на МРТ 1

Во ова издание донесуваме:

– Државата тргна во конфискација на имот и во случаи кога за сопственикот нема докази дека сторил кривично дело – шефот на ОЈО Скопје е ентузијаст, директор на финансиската полиција забележува за кратките рокови, а од невладиниот сектор доаѓаат повици за повлекување на Законот за конфискација во граѓанска постапка;

– Државата потроши 811 илјади евра кај 150 портали за реклами на партиите на последните избори, но зошто никој не мери, како што се мерат телевизиите и радијата, колку и какви реклами испорачале порталите и колку треба да им се плати; потребни ли се законски измени?

– Од 24 члена на Владата, 15-мина не пријавиле ниту од каде имаат приходи, ниту колкави; од ДКСК велат дека „од тие причини, во тек се подготовки на измени и дополнувања на Законот за спречување корупција и судир на интереси“;

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 18:30 часот на МРТ 1.

- Реклама -