Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (14 ноември 2024 г.) од 18:30 часот на МРТ 1
Во ова издание донесувме:
– Како производната цена на струјата од РЕК „Битола“ скокнала од 37 евра за мегават-час во 2019 г. на 133 евра годинава (до смената на власта) – од новото раководство на Електрани на Северна Македонија велат дека проверуваат истражните органи;
– Што значи оклуката на Советот на Општина Кочани за забрана за одлагање на отпад од околните Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево по тринеделни блокади од локалното население; може ли локалната да поништи одлука на централната власта;
– За нивото на медиумска писменост кај средношколците – за само 48 % е факт дека Земјата е третата планета од Сонцето, а 96 % не познаваат алатка за проверка на веродостојноста на фотографии – што преземаат државата и невладините;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 18:30 часот на МРТ 1.