Да се направи јаже е тешко. Да се направи јаже како што правеле Викинзите пред повеќе од 1000 години е уште потешко. Ама Сара Сјогрин тоа не ја спречува.
Прво морате да го најдете правото дрво и да му ја излупите кората, заедно со дел од периферните слоеви, кога има смола. Набраните слоеви дрво потоа ги оставате во морска вода на три до четири месеци; дури тогаш можете да размислувате од нив да правите јаже.
Откако ќе покисне 3-4 месеци, слоевите на дрвото се многу помеки, повитливи и лесно се одделуваат. Сјогрин демонстрира што понатаму и како се плетат нишките.
Патем, ваквиот материјал е природно отпорен на вода и скапува многу побавно во споредба со другите дрвни материјали. Тоа објаснува зошто во ископувањата на викингшките артефакти се најдени речиси сосема зачувани јажиња кои датираат уште од 800-тите години од нашата ера.