Репрезентацијата на Мароко стана првата екипа што обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство. Во својот прв натпревар од осминафиналето, тие ја совладаа Канада со резултат 3:0 (0:0). Во следната рунда, Мароканците ќе се сретнат со победникот од дуелот помеѓу Франција и Парагвај.
Мароко, кое на последниот Мундијал го освои четвртото место и е официјално рангирано како осмо на ФИФА листата, ја оправда својата улога на фаворит против ко-домаќинот Канада.
Голгетер на мечот беше Унахи, кој постигна два гола, еден во 50-та и вториот во 82-та минута. Првиот гол дојде по прекрасен удар од 17 метри, по успешна комбинација со Хакими, додека вториот реализираше по брз контранапад, со асистенција од Брахим Дијаз.
Конечниот резултат го постави Рахим во 98-та минута, повторно по контранапад, кога канадските играчи ја загубија топката на центарот на теренот.
Меѓутоа, победата на Мароко беше засенета од повредата на нивниот најдобар играч, Саибари. Новиот фудбалер на Баерн Минхен се повреди во првиот дел и мораше да го напушти натпреварот.
Foto/ EPA




