Израелските воздухопловни сили изведоа напади на иранската нафтена инфраструктура во Техеран, како што соопштија официјални извори од Израел. На социјалните мрежи се појавија видеа со експлозии од иранската престолнина.
Израелските одбранбени сили потврдија дека започнале нова серија напади насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во главниот град и најавија дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна. Како што известува иранската новинска агенција „Фарс“, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, погодено е складиште за нафта во южниот дел на Техеран.
Овие напади следуваат по претходно соопштение на израелската армija дека започнала нов бран на активности насочени кон цели во Иран, во контекст на ескалацијата на конфликтот меѓу двете држави.




