На интернет се појавија снимки од моментите кога Албанија ја погодија двата силни земјотреса кои предизвикаа голема материјална штета во повеќе делови во земјата.
Според последните информаци лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.
Најголема штета е регистрирана на објекти во Драч, како и на возила врз кои паднал дел од градежен материјал од објектите. Во Драч земјотресот поделил на два дела повеќекатница, а една куќа е урната во близина и на автопатот Тирана-Драч.