Со задоволство, денес ќе ви презентираме едно од најмоќните музички видеа во историјата на музичките видеа, воопшто.
Тука науката помага за правење на неверојатни специјални ефекти.
Најџел Стенфорд е музички продуцент и композитор кој се обложува на концептуални албуми и траки. До моментов има два албума зад себе, со тоа што вториот се вика „Solar Echoes” и е во доста вселенски стил.
Првиот сингл од овој албум е токму она што се наоѓа на дното од овој текст. Песната се вика “Cymatics” (од грчкиот збор κῦμα – волна). Сите звуци кои ги слушате во песната се синхронизирани со различни научни експерименти.
Идејата е точно симатиката – науката за видливите ко-вибрации на звукот, односно како звукот влијае на материјата околу него.
Она што ќе го видите тука се т.н. кул плочи – метални плочи. Врз нив се посипува песок, што добива интересни форми, во зависност од фреквенцијата на звукот кој се поднесува.
Интересно е да се обрне внимание и на behind the scenes клиповите (кратки се, по две минути секој) кои го објаснуваат секој еден експеримент и како бил имплементиран во видеото. Можете да ги најдете на страницата на Најџел Стенфорд или во Vimeo на неговиот профил .
А сега уживајте во прекрасниот клип: