Актерот Ричард Гир неодамна се пресели од САД во Шпанија поради сопругата Алехандра Силва и нивните два сина, а одлуката се покажа како полн погодок за нив.Неодамна заедно присуствуваа на галата „Elle for Future“ во Мадрид, настан посветен на иднината и заштита на планетата, што воедно беше и нивно прво појавување во јавноста по преселувањето.Во интервју за шпанското издание на магазинот Elle, Гир ги сподели своите впечатоци од животот во ново опкружување.„Овде е прекрасно. Кога зборуваме за општеството и заедницата, морам да кажам дека овде чувствувам силен дух на заедница. Луѓето се грижат еден за друг. Во мојот свет таквите социјални врски се почесто се раскинуваат, па јас навистина го ценам тоа овде“, изјави познатиот актер.Ричард Гир и Алехандра Силва се во брак шест години и имаат два сина. Заедно заклучиле дека нивните деца ќе имаат подобро детство во Шпанија, земјата во која Алехандра е родена и го поминала најголемиот дел од животот. Дополнителна предност е што момчињата уште од детството учат шпански со мајка им, што ќе им олесни да се прилагодат.Текстот (Видео) Ричард Гир за животот во Шпанија: „Прекрасно е, луѓето се грижат еден за друг“ е превземен од МАКФАКС.
Извор