Видео рецепт: Црногорски качамак

Овој качамак е многу поинаков од нашиот, а воедно и многу калоричен. Хранливо и вкусно црногорско јадење, кое најчесто се јаде како прилог со ручекот.

 

k

Подготовка

Чекор 1: Компирите излупете ги и ставете ги во вода да се варат. Потребно е да има повеќе вода од колку вообичаено. Кога ќе се сварат компирите и се распаѓаат при боцкање, одлијте дел од водата и додадете го брашното.

На средината направете дупка и оставете да се вари уште 20 минути.

Чекор 2: Потоа истискајте го качамакот со алатка за правење пире, да нема грутки, а потоа изматете го убаво со миксер. Доколку е густо, додадете од водата во која што се вареа компирите.

Чекор 3: Растопете го сирењето и кајмакот и таа смеса додадете ја во качамакот.

Чекор 4: Сервирајте го со парче сирење, или една црпалка како прилог со месо.

- Реклама -