Брзо и вкусно мезе за гостите кои ќе се најават во последен момент. Топло предјадење од зеленчук и сирење, похувани во смеса со пиво.
Подготовка
Чекор 1: Маслинките потопете ги во врела вода. Нека отстојат десетина минути и потоа исушете ги во крпа. Обарените моркови исечкајте ги, а брокулата искинете ја на цветчиња. Сирењето и кашкавалот исечете ги на подебели парчиња.
Чекор 2: Јајцето и пивото изматете ги убаво, додадете го брашното и матете додека смесата да стане густа и еднолична. Доколку има потреба, додадете уште малку брашно.
Чекор 3: Секое парче кое што сте го одбрале за похување, потопете го во смесата и пржете го во загреано масло додека не зарумени. Колку помеко сирење одберете, толку пократко пржете, за да не се растопи и истече.
Чекор 4: Сервирајте на голема чинија или даска, со прилог сос по желба.
СОВЕТ: Изборот и количината на состојки за похување го оставаме на вас. Доколку пробате со друг зеленчук, кажете ни го вашиот предлог.