Видео рецепт: Тарт со лимон

Фичо ќе подготви еден од неговите омилени рецепти, совршен Тарт со лимон крем.
sostojki

Подготовка

Чекор 1: Сите состојки за тестото мора да бидат ладни. Путерот ќе го измешате со брашното, работите во голем сад и најбитно, работите со раце! Додавате прстофат сол и 2 лажици шеќер.

Откако ќе почне да се спојува додавате 1 јајце со средна големина и 2 лажици вода (вода додавате само во случај ако ви е пресуво тестото).

Замесете тесто, свиткајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер да се стегне – околу 30 минути во обичен, или 15 минути во замрзнувач.

Чекор 2: Тестото го расукувате тенко.

Го покривате калапот и сегде добро го распоредувате тестото. Ова тесто е лесно за работа, па и да ви се скине негде можете да го залепите со прсти. Избоцкајте го со виљушка на неколку места. Потоа покријте го со хартија за печење и наполнете го со зрна леќа.

Печете во рерна на 200 степени 15 минути.

Чекор 3: Додека се пече го спремате кремот, матите 5 јајца и 1 жолчка, им додавате сок од 1 лимон (сокот од лимон ќе го пробате, доколку е поблаг ќе ставите сок од 2 лимони). Додавате 200 грама шеќер, малку екстракт од ванила и една шолја крем павлака.

Чекор 4: Тестото е готово, ја тргате хартијата со леќата и полните со крем. Потоа го враќате во рерна на 120 степени, 30 минути.

СОВЕТ: Тартот од лимон е предвиден да се сервира ладен, па доколку го оставите да се излади пред сечење ќе добиете поинтензивен вкус и подобра структура на кремот.

- Реклама -