Фичо ќе подготви прекрасен леден десерт, Сорбе од праски, зачинети со босилек и малини како додаток.
Подготовка
Чекор 1: Во мини Вок тавата ставете ги шеќерот, водата и сецканиот босилек. Варете додека да се растопи шеќерот и смесата да наликува на шербет. Прецедете ја смесата.
Чекор 2: Праските ставете ги да се обарат. Нека провријат 2 минути и веднаш ставете ги во ладна вода. На тој начин ќе го запрете процесот на варење и лушпата ќе се одвои полесно. Излупете ги праските и исецкајте ги на парчиња.
Чекор 3: Праските ставете ги во Нутрибулет, додадете го сокот од лимон и убаво изблендирејте да се изедначи смесата.
Чекор 4: Соединете ги двете смеси, додадете малку сол и измешајте. Оставете ги во замрзнувач околу 2-3 часа. Повремено, смесата изгребете ја со вилушка и повторно вратете ја во замрзнувач. Ова го правите за да добиете подобра структура.
Чекор 5: Сервирајте со малини, кои го балансираат слаткиот вкус!
СОВЕТ: Сорбе може да подготвите од најразлично сезонско овошје, тоа е идеален десерт за жешките летни денови.