Видео рецепт: Солена компир торта

Уште една идеја за подготовка на компирите, како солена торта, со вкус на кашкавал и копар.

sostojki

Подготовка

Чекор 1: Компирите сварете ги со лушпа, така ќе впијат помалку вода и пирето ќе биде покомпактно. Оставете ги да се оладат или изладете ги во ладна вода, излупете ги и направете пире. Додадете ги јајцето и путерот и убаво промешајте.

Чекор 2: Тавата за печење премачкајте ја со масло по дното и страните и убаво наросете со презла. Половина од смесата со компири распоредете ја на дното, па над неа изрендајте кашкавал и додајте малку сечкан копар. Потоа ставете ја преостанатата смеса од компири и најгоре добро наросете со презла.

Чекор 3: Печете во рерна на 200 степени, 30 минути, или додека презлата да добие златна боја.

Чекор 4: Сервирајте додека е топло.

СОВЕТ: Во филот на средината ние ставивме кашкавал и копар, а вие може да додадете и печурки, коцкички салама и други зачини по ваш вкус.

- Реклама -