Овој рецепт се нарекува солена бајадера, веројатно заради вкусната комбинација од месо, кашкавал, јајца и павлака.
Подготовка
Чекор 1: Мешавината од зеленчук сварете ја и процедете ја. Пилешкото месо сварете го во солена вода. Процедете го и изладено исечкајте го ситно.
Шунката исечкајте ја на ленти, кашкавалот на ситно, а печурките исечкајте ги на тенки листови.
Чекор 2: Тавата за печење премачкајте ја па ставете ги месото и мешавината од зеленчук и зачинете по желба. Потоа ставете ги печурките, шунката и на крај кашкавалот.
Чекор 3: Јајцата изматете ги со павлаката, додадете го брашното, прашакот за печиво и зачинете. Прелејте рамномерно во тавата, па печете во загреана рерна на 200 степени, 20 минути.
Чекор 4: Оладената бајадера исечете ја на коцки и сервирајте со декорација од кисела павлака и магдонос.
СОВЕТ: Овој рецепт е вкусен и декоративен, одличен да го послужите кога ќе ви дојдат гости.