Видео рецепт: Прелиен колач со јаболка

Колач со јаболка и цимет, прелиен со пенаста смеса од гриз и јајца. Сето тоа врз вкусен пандишан. Верувајте, ќе го правите одново и одново!s

Подготовка

Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на преливот. Најпрво сварете го гризот. Кога ќе почне да врие млекото, додадете го гризот и мешајте убаво додека да добиете густа смеса. Оставете го да се излади.

Чекор 2: Земете 4 јајца и одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег. Во жолчките додадете го шеќерот со ванила шеќерот и убаво матете додека не се растопи шеќерот. Потоа додадете го оладениот гриз, путерот на собна температура, изматете да се соединат состојките.

Додадете ги белките и убаво измешајте за да се соедини смесата.

Чекор 3: За подготовка на тестото ставете ги сите состојки во еден сад, прво сувите, па течните, и измесете мазно тесто. Потоа со раце распределете го по површината на тавата.

Чекор 4: Јаболката исечкајте ги на тенки резниња и наредете ги врз тестото со благо притискање. Наросете цимет по желба и прелијте ги со готовиот прелив.

Чекор 5: Печете го колачот 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа оставете го малку да се излади, за да може попрецизно да го исечете и сервирате.

СОВЕТ: Доколку овој рецепт го приготвувате во поголема тава, во преливот можете да додадете само уште 1 или 2 јајца.

- Реклама -