Видео рецепт: Посна Шварцвалд торта

Валентина ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посна Шварцвалд торта.

Оваа торта колегите од „Мои рецепти“ ја нарекоа посна верзија на популарната Шварцвалд торта, со чоколадно тесто, прелив со вишни и фил од гриз.

s

Подготовка

Чекор 1: Вишните ставете ги да провријат со малку вода и 3 лажици шеќер. Ние користиме смрзнати , но може да користите и вишни од компот.

Чекор 2: Состојките за тестото ставете ги во еден сад, промешајте ги убаво. Истурете го во Ростер тавата и печете на 200 степени, 15-20 минути. Потоа исечете го на половина.

Чекор 3: Од водата за фил тргнете околу 200 мл во кои ќе ставите 12 лажици гриз и промешајте како за пудинг. Останатото количество на вода ставете го да почне да врие со шеќерот и ванилата, па истурете го растворениот гриз и мешајте додека убаво да се згусне. Оставете го да се излади.

Маргаринот и шеќерот во прав, пенасто изматете ги. Потоа изладената смеса и смесата со маргарин убаво соединете ги.

Чекор 4: За филувањето, врз кората наредете половина од вишните, па половина од филот. Повторете ја постапката за вториот кат и на крај декорирајте по желба.

Чекор 5: Оставете неколку часа да се спојат состојките, потоа сечете коцки и сервирајте.

СОВЕТ: Ние оваа торта ја направивме на два ката, но може да ја направите само на еден кат од тесто, вишни и фил.

- Реклама -