Фичо ќе подготви декоративна посна погача со повеќе видови семиња и растително млеко.
Подготовка:
Чекор 1: Во мал сад измешајте ги состојките за подготовка на квасецот и оставете ги на кратко.
Чекор 2: Во сецкото ставете ги семињата и крупно исечкајте ги.
Чекор 3: Во сад ставете го брашното, солта, сецканите семиња, измешајте и додадете го стасаниот квасец. Додадете ја киселата вода и маслото и замесете тесто. Оставете го да отстои 30 минути да стаса покриено со фолија.
Чекор 4: Расукајте го тестото со дебелина од 1 см, изрендајте го маргаринот по целата површина и замотајте ролат. Ролатот исечете го на парчиња и редете ги во тавата за печење. Оставете да нарасне и премачкајте ја со вода и крупна сол.
Чекор 5: Печете на 200 степени околу 30 минути или додека да зарумени.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: За подготовка на оваа погача може да користите било какво растително млеко, било да е во прав на растворање,
или домашно подготвено млеко од јатки.