Видео рецепт: Полнето пилешко похувано со бадеми

Овој рецепт е навистина популарен во Америка каде луѓето уживаат во похување на пилешкото во најразлични вкусни состојки. Ние му дадовме малку традиционален шмек со тоа што пилешкото го наполнивме со ајвар.

[youtube]http://youtu.be/BCvNNyFYvwA[/youtube]

Подготовка

Чекор 1: Земете ги пилешките гради и во секоја од нив со остар нож исечете вдлабнатина во форма на џеб. Ова е најтешкиот дел од рецептот. Пилешките гради можете да ги наполните со ајвар со помош на шприц или пак со мало лажиче. Бидете трпеливи и останете фокусирани додека не ги наполните убаво.

Чекор 2: Земете 3 чинии – во едната ставете го изматеното јајце, во другата брашно и во третата мешавина од мелени бадеми и лебни трошки. Бадемите прво ги мелеме во блендер.

Пилешките гради ги премачкуваме во брашно, па во јајца и на крај во мешавината од бадеми и лебни трошки. Внимавајте месото целосно да го прекриете во секоја од состојките.

Чекор 3: Загрејте ја тавата со малку масло на средна температура и пржете ги парчињата месо рамномерно од сите страни додека не добијат златна боја. Потоа ставете ги во рерна и печете 15-20 минути на 160 степени.

Чекор 4: Оставете го пилешкото да се олади пред да го исечете на парчиња и да го послужите со кремаста палента со путер.

СОВЕТ: Овој рецепт можете да се обидете да го подготвите и со други мелени јаткасти плодови како што се лешници, или пак кикирики.

 

- Реклама -