Видео рецепт: Пица во Чикаго стил

Денес ќе готвиме пица со повисока кора и полна со мастраф, неодолива комбинација. Карактеристична за рестораните во Чикаго.

s

Подготовка:

Чекор 1: Во еден сад ставете го просеаното брашно со лажиче сол. Во друг сад со малку млака вода активирајте го квасецот. Водата не смее да биде многу топла за да не го изгори квасецот. Измешајте ги водата и брашното и замесете еластично тесто. Прекријте го со чиста крпа да стаса.

Чекор 2: Исечкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги. Додадете ја тенко исечканата кобасица и кога ќе заруменат додадете го доматниот сос. Зачинете со сол, бибер, оригано и мускатно оревче и оставете ја смесата да изврие. Тргнете ја од оган.

Чекор 3: Премесете го тестото и оставете го повторно да стаса, но овој пат пократко.
Расукајте кора со големина на тавчето во кое ќе печете и ставете ја кората во тавчето.

Чекор 4: Прво наредете моцарела сирење, потоа пржената смеса, пиперката исечкана на кругови, сланината, малку гауда и тенко исечкани шампињони. Наросете со оригано.

Чекор 5: Печете во загреана рерна на 230 степени 10-15 минути, додека да зарумени кората од страните.

СОВЕТ: Пред сервирање, почекајте неколку минути да се сталожат соковите во пицата, за да може да сервирате правилни парчиња.

- Реклама -