Видео рецепт: Пилешко во сос од кикирики и кари

pilesko-kikiriki-4e9ceb-800x450[1]

Фичо ќе подготви еден од неговите најомилени рецепти, пилешко месо во сос од кикирики со зачинети печени компири.

Подготовка:

sostojki

Чекор 1: Компирите добро измијте ги и оставете им ја лушпата. Зачинете ги со црвениот пипер, кари, сол и бибер и ставете ги во тавче за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути или додека да заруменат.

Чекор 2: Секој пилешки стек сечете го на три дела и измешајте ги со рузмарин, црвен пипер, сол и бибер. Во тава за пржење ставете масло и пржете ги на средна температура. Додадете малку бело вино и оставете да се продинстаат.

Чекор 3: Во сад за сос ставете го путерот, додадете го путерот од кикирики, малку кари и брашно. Додадете го и млекото и мешајте да добиете густ сос. Додадете ги и крупно сецканите кикирики и промешајте.

Чекор 4: Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку сакате да је прескокнете подготовката на компирите, во маркетите побарајте веџис (зачинети) компири.

- Реклама -