Фичо ќе приготви лазања со зеленчуци карактеристични за нашето поднебје, па затоа ја нарековме Македонска лазања.
Подготовка
Чекор 1: Тенко исечете ги пиперките. Кромидот исецкајте го на полумесечинки. Исецкајте ги маслинките и ставете ги во тава за пржење да ја испуштат водата.
Чекор 2: Месото го пржите и додавате ворчестер сос. Лукот го сечкате и го додавате во месото. Сирењето го дробите и се додава на месото. Се додава доматното пиреи табаско сос.
Чекор 3: На дното ставете ги парчињата лазањи. Над лазањите ставете од смесата, нарендајте кашкавал. Наредете три реда. Најважно е на секој ред да има кашкавал. Над последниот ред нарендајте кашкавал и прелејте со павлака за готвење.
Чекор 4: Печете во загреана рерна на 200 С, 30 минути, или додека да зарумени.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: По желба, павлаката за готвење можете да ја замените со домашно приготвен бешамел сос.