Фичо oд МоиРецепти ќе подготви крцкави филети од риба, со богата смеса за похување и овесни снегулки.
Подготовка
Чекор 1: Секоја филета исечете ја на три еднакви дела и оставете ги на крпа добро да се исушат.
Чекор 2: Во сад за матење ставете ги сите состојки за смесата за похување и матете со миксер додека смесата не се изедначи.
Чекор 3: На оган ставете го садот со масло да се загрее. Користете длабок сад, бидејки во плитка тава маслото многу ќе прска.
Чекор 4: Секое парче риба извалакајте го во смесата за похување, потоа во овесните снегулки , посолете го и пржете го во загреано масло.
Чекор 5: Сите состојки за сосот соединете ги и сервирајте!
СОВЕТ: По желба може да користите филети од друга бела риба, како на пример ослич.