Видео рецепт: Колачиња овошни фигури

Состојки

200 мл. вода
250 грама шеќер
100 грама маргарин
11 лажици гриз
2 пакувања ванилин шеќер
250 грама кокос

Ќе ви требаат и:

Прехранбени бои по желба
Кокос за валкање на колачите
Ленено семе и цели каранфилчиња за декорација
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад за сос.

Подготовка

Чекор 1: На тивок оган ставете ги водата, шеќерот и маргаринот додека зовријат.

Промешајте ги кокосот, гризот и ванилиниот шеќер во сад. Потоа додадете ги во зовриената течност. Убаво измешајте за да добиете рамномерна смеса.

Чекор 2: Смесата ја делиме на 4 дела, од кои едниот го оставаме бел, а во другите ставаме жолта, зелена и црвена боја.

Оставете убаво да се изладат, за да може да ги обликувате.

Чекор 3: Од белиот дел правиме топчиња кои ги валкаме во кокос.

Од црвениот и зелениот дел правиме мали лубеници, па ставаме ленено семе за комплетен изглед.

Од жолтиот дел со малку зелена смеса правиме круши, а каранфилчињата ги користиме како дршки.

Потоа правиме праски од жолта и црвена смеса, и ги валкаме во кокос. Црвени јаболчиња… а понатаму оставаме на вашата фантазија.

Чекор 4: Колачињата директно редете ги на чинија за сервирање кога ќе ги правите. Потоа оставете ги во фрижидер за убаво да се изладат и стегнат, па сервирајте!

СОВЕТ: Смесата за овие колачи треба да се излади за да може да работите со неа. Тоа е мека смеса, па се работи без многу сила. Сепак, ако ви е премногу меко за работа, додајте уште малку кокос!

[youtube]http://youtu.be/fcGFIo0o5_0[/youtube]

- Реклама -