Фичо за вас ќе тестира популарен интернет рецепт, колач со 3 состојки.
Подготовка
Чекор 1: Одделете ги белките од жолчките. Белките прекријте ги со фолија и оставете ги во фрижидер. Кремот добиен од ладни белки е поцврст.
Чекор 2: Вклучете ја рерната на 170 степени, а чоколадото растопете го на пареа. Белките изматете ги во цврст снег.
Чекор 3: Во белото чоколадо ставете го крем сирењето и измешајте убаво да се соедини смесата. Тргнете ја смесата од рингла и додадете ги жолчките. Повторно мешајте убаво да се соединат состојките. Додадете 1/3 од белките и мешате со шпатула. Од како ќе се соедини смесата, додадете ги белките на два пати.
Чекор 4: Истурете ја смесата во тава за печење и ставете ја во поголема тава во која што ќе наполните вода.
Чекор 5: Печете 15 минути на 170 степени, па уште 15 минути на 160 степени. Потоа изгасете ја рерната и оставете го колачот уште 15 минути.
Чекор 6: Сервирајте го со шеќер во прав.
СОВЕТ: Нам колачот ни излезе многу низок, ако сакате повисок, ставете двојно состојки.