Слатки меки кифлички со крем сирење во тестото и фил од мелени бадеми.
Подготовка
Чекор 1: За подготовка на филот прво измелете ги бадемите и измешајте ги со шеќерот, белката и румот. Во случај филот да е густ разредете го со млеко.
Чекор 2: Со помош на миксер замесете го тестото. Прво изматете го крем сирењето со јајцата и жолчката, па додајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, пецивото, млекото, маслото, кора од лимон и прстофат сол. Додајте го и брашното и замесете меко тесто.
Исукајте кора и поделете ја на делови. На секое парче ставете фил и завиткајте кифличка.
Чекор 3: Печете во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Чекор 4: Сервирајте ги и додека се топли наросете ги со шеќер во прав.
СОВЕТ: Во зависност од вашиот вкус, румот во филот може да го изоставите или да го замените со екстракт од ванила.