Oва е одлична рецепта за љубителите на фудбалот.Се работи за домашни пилешки прсти, за кои што ви се потребни следниве состојки:
Подготовка
Чекор 1: Исечете го месото на тенки долги ленти, како што тоа го прави Фичо во видеото. Зачинете ги со сол и бибер.
Чекор 2: Во еден сад измешајте го брашното со чили во прав. Во друг сад изматете ги јајцата, а во трет ставете ги лебните трошки и сусамот. Секое парче месо валкајте го во брашно, па во јајцата, па во мешавината од сусам и лебни трошки. Пржете ги во малку повеќе масло.
Чекор 3: Пржените пилешки прсти најпрво ставајте ги на салфетка да се упие вишокот маснотија.
Измешајте го сенфот со медот и 1 лажица вода, и посолете по вкус.
Чекор 4: Сервирајте ги како мезе, заедно со сосот.