Фичо ќе подготви десерт колач со банани и чоколадо. Интересна комбинација со фил од јагоди.
ПОДГОТОВКА:
Чекор 1: Вклучете ја рерната да се загрее на 160 степени.
Чекор 2: Во сад ставете ги путерот и шеќерот и матете додека не се соединат. Бананите испасирајте ги и додадете ги во смесата со путер. Додадете ги јајцето и млекото и матете да се соединат. Додадете го просеаното какао, брашното, пецивото, циметот и чоколадниот чипс. Соединете ја смесата со матење.
Чекор 3: Смесата сипете ја во округла тава за печење и печете 45 минути. Испеченото тесто оставете го да се олади 5 минути во тавата, потоа извадете го да се лади на жица.
Чекор 4: Додека тестото се пече, подгответе го кремот. Изматете ги белките со шеќерот и додадете ги јагодите.
Чекор 5: Сечете парчиња од колачот и филувајте со кремот од јагоди
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: Доколку тестото почне да потемнува побрзо при печењето, прекријте го со фолија која ќе ја отстраните пред крајот на печењето.