Фичо ќе прави Буритос со пикантен фил со месо, во зачинет доматен сос, со рендан мек кашкавал.
Подготовка
Чекор 1: На оган ставете ја Вок тавата да се загрее. Додадете ги исецканите кромид, лук и феферони. Количината на фефероните прилагодете ја според вашиот вкус. Додадете го месото и зачините. Потоа додадете го доматниот сос и сенфот. Динстајте додека да добиете хомогена смеса. Откако ќе се приготви, оставете го на рингла на тивко за да се одржува топлината.
Чекор 2: Во садот за сос ставете ги состојките за сосот и варете тивко додека не згусне.
Чекор 3: Секоја тортиља загрејте ја на тавче, полнете ја и веднаш сервирајте.
Чекор 4: На крај изрендајте кашкавал Ајдамер.
СОВЕТ: За декорација и комплетирање на вкусот користете тортиља чипс.