Неодамна беа претставени новите мобилни уреди на Samsung Mobile, а тоа се третиот фаблет од серијата Samsung Galaxy Note 3, како и првиот паметен часовник на компанијата Samsung Galaxy Gear.
За таа цел Samsung направи видео во кое објаснува како може овие два уреда да се користат заедно, но и да ги прикаже сите новитети во софтверот.
Целта на паметниот часовник (освен да го покажува времето) е да има повеќе мобилни функции, односно примање на позиви и пораки од смартфонот, поврзување со интернет и додатни опции за следење на физичките активности преку апликацијата S Health.
Во видеото посебен дел е посветен и на најмоќниот фаблет досега Samsung Galaxy Note 3 кој има многу нови опции за мултитаскинг и мултифункционалност кои може да ги погледнете во целост за начинот на кој се користат.
Инаку и двата уреда може да се синхронизираат, а паметниот часовник најпрво ќе работи само со најновите премиум Galaxy смартфони, а подоцна листата ќе биде проширена, па дури и со смартфони кои не се во производство на Samsung.
[youtube]http://youtu.be/-Fo5x7ZIPCM[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk