Во врска со видео материјалот кој денеска се споделува по социјалните мрежи, на кој се гледа лице кое го нарушува јавниот ред и мир и непристојно се однесува, МВР излезе со соопштение во кое наведува дека лицето Х.Ј. е приведено.
Против лицето ќе биде поднесен поднесок по член 4 „карање, викање дрско и непристојно однесување на јавно место“, како и по член 6 „оддавање на пијанство на јавно место или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир“ и член 13 „омаловажување на државни органи“ од Законот за прекршоци- стои во соопштението од МВР.
На видеото со вознемирувачка содржина, човек качен на кров од кола паркирана на сообраќајна лента пред Зелен Пазар, извикува погрдни и недолични пцовки кон сопругата на претседателот Стево Пендаровски, но и кон ќерката на лидерот на Социјалдемократите, Зоран Заев.