(Видео) Прегазено дете ги собра жителите на протест: Бараат зголемена безбедност во Бутел

Жителите на населбите Расадник и Радишани, сместени во Општина Бутел, денеска организираа протест по повод долгогодишниот проблем со небезбедниот сообраќај на улицата Бутелска. Овој настан следува по неодамнешното прегазување на дете. Граѓаните нагласија дека на оваа сообраќајница кај нас често се одвиваат возила со високи брзини, без почитување на сообраќајните правила, што сериозно ги загрозува пешаците, особено децата.

Тие побараа од одговорните институции веднаш да го зголемат нивото на безбедноста. Меѓу предложените мерки беа и поставување на лежечки полицајци, како и поголемо присуство на полициски службеници во тој дел. Протестантите изразија загриженост бидејќи, и покрај тоа што години наназад укажуваат на опасностите на улицата Бутелска, не добиле соодветен одговор.

Прочитајте и:  Официјално отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, организиран од Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана.

„Бараме основни услови за безбедност на пешаците и на совесните возачи“, изјави еден од учесниците. Жителите најавија дека протестите ќе продолжат секој ден сè додека не се испочитуваат нивните барања и надлежните институции не преземат конкретни мерки за подобрување на условите на оваа фрекветна сообраќајница.