Главниот експонат на штандот на глобалниот лидер во производството на телевизори си OLED екрани со големи дијагонали, на IFA саемот во Берлин, очекувано, беше првиот OLED телевизор со 8K резолуција во светот, со дијагонала на екранот од 88 инчи, кој емитува слика со исклучителна острина и спектар на бои.
Од друга страна, нешто друго кај LG уште повеќе го привлече вниманието на посетителите, а воедно и се покажа како еден од најимпресивните моменти на најголемиот европски саем на техника, пренесува српскиот „B92“. Имено, на влезот на својот штанд, LG на посетителите им приреди спектакуларен водопад, и тоа во 4К резолуција. И не само водопади, туку и ѕвездено небо, живописна природа, шума, океан и бранови…
За да покаже дека сето тоа е можно, а воедно и да покаже колку далеку е стигнат развојот на OLED екрани, LG создаде видео инсталација составена од 260 флексибилни 4К OLED екрани, сите со дијагонала од 55 инчи. Инсталацијата ја нарече „OLED Waterfall“ (OLED водопад). Погледнете како тоа изгледа, ТУКА.