Ветрот откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил на улицата „Леринска“. Нема информации за повредени, но направена е материјална штета. Ветрот урна и ограда на градежен плац во старата битолска касарна
Битолчани и денеска ги расчитуваат последиците од силниот ветер што вчера го зафати градот и одвеа покриви, сруши огради и откорна дрвја.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ветрот бил со брзина од над 65 километри на час и дувал со силен интензитет се до ноќта.
Ветрот откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил на улицата „Леринска“. Нема информации за повредени, но направена е материјална штета. Ветрот урна и ограда на градежен плац во старата битолска касарна.
Градоначалникот Тони Коњановски ги посети локациите на кои ветрот ги вознемири битолчани. Информираше дека екипите на локалните јавни претпријатија и пожарникарите ќе извршат санација на местата каде е предизвикана штета. Од општина Битола информираа дека надлежните екипите дејствувале координирано и работеле на расчитување на теренот.
Од УХМР денеска информираа дека од синоќа дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 километри на час). Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.