(ВИДЕО) Пазете што софтвер вградиле инженерите во Tesla, и тоа бесплатно

„Ќерка ми дојде и ми рече: Мамо, види, Tesla! Беше паркирана во дворот на соседите, и искрено не знаев што е толку посебна колата. Со соседите сме прилично блиски, па отидовме да прашаме чија е колата. Испадна дека е на нивниот агент за осигурување, кој не покани да излеземе надвор за да ни покаже нешто…

Бев воодушевена, благо речено. Уште сме. Ако ќерка ми не ме викнеше, немаше да го имаме ова видео!“

Тоа беше малку бекстори од авторката на видеово, а сега уживајте (искрено, немате ни избор, ова е предобро).

Се работи за божиќен Easter Egg – во случајов посебен софтвер вграден во сите модели на Tesla X чисто заради забава на инженерите (и тие што ќе го откријат, секако). Не спаѓа во дополнителна опрема, и не го доплаќате.

- Реклама -