Најлошиот тим во шпанската Примера, Овиедо, успеа да го победи Севилја со 1:0 во рамките на 30-то коло.
Андалузиската екипа продолжува со серијата лоши резултати, па по новиот пораз, нивната ситуација во елитата е загрозена. Сега, пред следното коло, Севилја има само два бода повеќе од тимот на Елче, кој е прв под линијата.
Со оваа победа, Овиедо, последнопласираниот тим, го фати последниот воз на патот кон опстанокот. Ако успеат да се спасат, тоа би претставувало вистинско чудо и голем подвиг.
Стрелец на единствениот гол за Овиедо беше Уругваецот Федерико Вињас, кој се запиша во листата на стрелци во 32-та минута со асистенција од Алберто Реина, по корнер.
Ситуацијата за гостите се влоши и кратко потоа, кога Тангу Нијанзу доби црвен картон за невнимателен старт, па Севилја мораше да игра скоро цел натпревар со еден фудбалер помалку.
Во продолжението, Овиедо играше внимателно, додека Севилја се покажа како анемична, а на клупата дебитираше новиот тренер Луис Гарсија Плаза.
За екипата од стадионот „Санчез Писхуан“, ова беше трети последователен пораз и петти натпревар без победа.
Фото: EPA




