(ВИДЕО) Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци, интервенирале сите пожарникари од локалната ТППЕ

Засега нема информации и детали за причините за пожарот и последиците од него

По неколкучасовна интервенција доцна синоќа противпожарните екипи успеале да го локализираат пожарот кој избувнал во фабриката „Ником“ во Кавадарци.

Од интервенцијата на противпожарните екипи на пожарот во фабриката / Фото: МИА

Од кавадаречката територијална противпожарна единица утрово за МИА потврдиле дека пожарот бил локализиран околу 1:30 часот по полноќ, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.

Засега нема информации и детали за причините за пожарот и последиците од него.

За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој на Фејсбук напиша дека локалната противпожарна единица интервениралa во полн состав.

„Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне“,

напиша Јанчев синоќа.

На терен дополнително биле испратени и екипи на Јавното претпријатие „Комуналец“, „Голд Никел“ и шумското стопанство „Бор“, а помогнале и екипи од Велес и Неготино.

- Реклама -