Контроверзна ситуација го означи реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и ПСЖ (1:1), кога домаќините не добија пенал, и покрај очигледното играње со рака од страна на Жоао Невеш.
Иако во прв момент изгледаше дека Баерн е оштетен, судијата Жоао Пињеиро донел правилна одлука, потпирајќи се на помалку познато правило. Спорниот момент се случи во 31. минута, кога Парижаните водеа со 1:0. Можете да ја погледнете ситуацијата ТУКА.
По шутот на Јосип Станишиќ, голманот Сафонов несмасно ја одби топката, а Витиња, во обид да ја исфрли, ја шутна во раката на соиграчот Жоао Невеш. Играчите на Баерн веднаш го опколија судијата, барајќи казна, но Пињеиро остана на своето мислење, а никаков сигнал од ВАР собата не беше упатен.
Иако топката несомнено го погоди Невеш во раката, според правилата на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), не се смета за прекршок ако топката ја погоди раката на играчот откако неочекувано беше одбиена од соиграч.
Исклучок од ова правило важи само ако топката веднаш заврши во голот или ако играчот моментално постигне погодок, што не беше случајот тука.
Затоа, и покрај негодувањето, одлуката на судијата беше оправдана. Помеѓу фудбалските аналитичари, новинарот на „Скај спортс“, Сем Блиц, ја окарактеризираше како „несфатлива“, додавајќи дека во слични случаи оваа сезона во Лигата на шампионите обично се досудуваат пенали.
Foto/ EPA




