Видео од експлозија на метеор над Британија

Над југозападниот дел од Англија, во појнеделникот рано наутро во атмосферата влетал огромен метерор, досега најголемиот кој што бил забележан во Обединетото Кралство.На небото во околу 3 часот по локално време, накратко се појавила огромна огнена топла, која што успеала да ја сними камерата на опсерваторијата на подрачјето Денова.

„ Имаме две големи камери кои ги следат метерорите во ноќните часови, така што штом слушнав дека стигнал голем метеор отидов да видам што е снимено. За среќа метеорот поминал пред објективите на двете наши камери така што имаме две снимки од истиот настан“, вели Дејв Џонс од Мрежата на надгледувачи на метеори на Британија.

Сведоците велат дека слушнале експлозија, а им се причинило дека од метеорот светела зеленкаста боја.

- Реклама -