Пред малку беше објавен видео-спотот за англиската верзија на песната „Есенски лисја“ („Autumn Leaves“). Ова е песната со која Даниел Кајмакоски на 19 мај ќе ја претставува Македонија на годинашното издание на Евровизија, кое ќе се одржи во Виена. Големото финале пак е закажано на 23 мај.
Музиката и текстот на англиската верзија на песната ги потпишува Швеѓанецот Јоаким Персон, додека за аранжманот и продукцијата беше задолжен Роберт Билбилов.
Во необичното и креативно видео е прикажана љубовна приказна за која Кајмакоски открива дека е инспирирана од неговото лично искуство, а забележителни се и мали промени во мелодијата.